Ако им се верува на британските медиуми тогаш хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Марио Манџукиќ ќе биде првата зимска аквизиција на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.
Искусниот напаѓач сигурно ќе ја промени клупската средина во јануари, а според британските медиуми „црвените ѓаволи“ веќе го прифатиле побараното обесштетување од 10 мил. фунти.