Кабинетот на претседателот Пендаровски нуди работа за надворешен соработник

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави повик за ангажирање лице ‒ надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Македонија.
„Врз основа на член 13 став 2 од Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2000, 9/2001, 41/2010 и 142/2013), Правилникот за ангажирање на научни и стручни соработници бр.04-111/1 од 29.05.2019 година, и Правилникот за утврдување критериуми за ангажирање  научни и стручни установи и истакнати научни и стручни работници во Кабинетот на претседателот на Република Македонија бр. бр.04-111/2 од 29.05.2019 година, се објавува Јавен повик за изразување интерес за ангажман на надворешен соработник во Кабинетот на претседателот.

Лицата треба да ги исполнуваат следните критериуми: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни;со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;  да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки; да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт; да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Македонија и евроатлантски интеграции, да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).