
Планинарскиот Клуб „Љуботен“ – Тетово го организираше 33-то традиционално искачување Титов Врв 2014, викендов.
Во саботата на 24 мај на Попова Шапка пристигнаа гостите од планинарските друштва од целиот Балкан и со свеченото отворање кое се организираше во хотелот Попова Шапка и официјално беше отворена манифестацијата, по што следуваше состанок со водичите на екипите и беа објаснети правилата и условите за искачувањето.
„Временските услови беа одлични – поголемиот дел од денот беше сончево, само наместа имаше магла. Вкупниот број на учесници оваа година беше 900 планинари од 44 планинарски друштва од целиот Балкан.Манифестацијата се организираше под покровителство на АД Електрани на Македонија, а генерален спонзор беше ТТК Банка АД Скопје,“ велат организаторите.
Во неделата на 25 мај, точно во 6.30 часот долга колона на планинари тргнаа кон највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв 2747 м.
Патеката беше организирана и обележана по стандардите за движење по планинарска патека. Долж истата имаше и пропратни пунктови кои служеа за обезбедување, упатување, информации и давање на прва помош.