Денеска во Србија беше погребан триесет и седумгодишниот Војислав Шкрбиќ, наркобосот од Нови Сад.
Шкрбиќ пред неколку дена беше убиен додека чекал вечера во еден ресторан.
Освен најблиските и пријателите, на погребот имало и голем број “набилдани” момци, кои дошле да го испратат нарко-босот во вечното живеалиште.
Инаку, извори за српскиот Курир велат дека маж облечен во црно се доближил до нарко-босот и започнал нешто да му зборува, а потоа до него дошол друг човек облечен во бела блуза кој извадил пиштол и почнал да пука. Шкрбиќ бил ранет и со сите сили се обидувал да помогне, но напаѓачот го стасал и испукал уште еден куршум со кој го усмртил. Сите во ресторанот започнале да бегаат и се создала вистинска паника и хаос.
Смртоносниот куршум бил испукан од 4-5 метри далечина.