Босанскиот поп пејач Дино Мерлин со неговата група ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ. Ова денеска го обзнани скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
Тој најави дека и оваа година на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Шилегов истакна дека во Винтерленд ќе се одржува весела програма која ќе биде едно ниво повисока од ланската.
Скопскиот градоначалник најави дека градот порано ќе светне со новогодишни светилки и украси, поточно оваа година метрополата ќе биде облечена во новогодишно руво веќе од 1 декември.
– Сакаме на скопјани порано да им овозможиме да ја почуствуваат новогодишната бајка и да уживаат во празниќната програма – рече Шилегов.