Актерката Џули Гибсон почина на 106 години

Џули Гибсон, фотографија од 1960 година

Американската актерка и пејачка Џули Гибсон починала навелгувајќи во 107-та година од животот, пренесува The Hollywood Reporter.

Последните три години актерката била врзана за постелата. Починала во сон уште на почетокот од октомври, но новинарите дури во четвртокот дознале за тоа по потврдата од нејзиниот братучед Џејмс Роџерс.

Вистинското име на актерката е Гледис Камил Сореј, родена е на 6-ти септември 1913 година во Луистон во државата Ајдахо, каде што ја започнува својата кариера како пејачка и танчарка во водвиљи. Подоцна настапува во познатиот ноќен клуб „Coconut Grove“, кога ѝ било предложено да го смени името во „нешто поамериканско“.

Во филмскиот свет влегла со дебитантскиот филм „Слатка девојка“ од 1941 година. Меѓу другите познати нејзини филмови се „Одејќи по својот пат“, „Часовникот“, „Слава на победничкиот херој“ „Улица на темнината“. Гибсон соработувала со режисери како Орсон Велс, Престон Старџес, Ајда Лупино, Џон Хјустон… Извесен период живееле во Париз како претставник на студијата „Fox“.

https://www.youtube.com/watch?v=nftmgCo0P4k