
Вработените во Владата на Федерацијата БиХ во Сараево попладнево мораа да ја напуштат зградата, откако непознато лице по телефон информирало дека во нејзините простории има поставено бомба.
Повикот е добиен околу 15 часот во просториите на федералното Министерство за правата на борците и инвалидите од одбранбено-ослободителната војна.
Во тек е полициски преглед на зградата, со цел да се пронајде евентуално поставената експлозивна направа.