
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф разговараа за ситуацијата во североисточна Сирија, каде што во тек е турска инвазија и изразија подготвеност да помогнат да се реши со разговори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
И Лавров и Зариф изјавија дека е неопходно да се постигне долготрајна стабилизација на источната страна на реката Еуфрат по пат на „дијалог помеѓу Дамаск и Анкара, како и меѓу сириските власти и претставниците на сириските Курди“.
Тие наведоа дека Русија и Иран се подготвени да помогнат во тие контакти.