Политичарите мора да понесат одговорност за своите погрешни политики

Во денешната емисија на „Стадион“ на „Канал 77“, каде гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочи дека треба да се понесе одговорност за сите погрешни политики, кои и наштетиле на државата.
„За жал во оваа држава политичката одговорност стана за потсмев. Односно не е ни статистичка грешка, затоа што кај нас политичарот ќе направи грешка, не сноси одговорност, се извинува и оди понатаму. Тоа е проблемот. И затоа ние се наоѓаме денеска каде што се наоѓаме. Да, еве вие велите дека направиле грешка, но никој не сноси одговорност за таа грешка“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ако е направена грешка, треба да се лоцира одговорноста, кој ја направил и да сноси одговорност.