Кинескиот „Џиангси копер“ го презема албанскиот бакар

Најголемиот дел од албанските резерви на бакар преминуваат во сопственост на светскиот рударски гигант, кинеската компанија „Џиенгси Копер“, пренесе МИА.

Веста е потврдена од официјален извор од албанското Министерство за енергетика, за тиранската телевизија Топ чанел. Деновиве кинеската компанија купила 50 отсто од акциите на „Неско метал“, компанија која поседува 100 отсто од акциите на „Бералб“, која од албанската влада доби концесија за најзначајните рудници на бакар во Албанија, Мунелес, Лакроши и Кармес, како и фабриаката во Фуш Арез.

Преминувањето на резервите во сопственост на Кинезите ги зголемуваат надежите за заживување на инндустријата на бакар во Албанија. „Џианг кси“, која е во државна сопственост е втора во светот по производство на бакар.

Лани, компанијата од „Фортуне Глобал“ беше рангирана на 414 место од 500-те најголеми компании во светот. Има годишен обрт од 28 милијарди долари или двапати поголем од националниот производ на Албанија.

Бакарот се смета за втор по ред по значењето од металите во Албанија, иако во последните години индустријата е погодена од падот на цената на светскиот пазар, но и домашните проблеми.

Официјалната статистика потврдува дека во последните четири години албанскиот извоз на бакар се движел до 30 до 40 милиони долари годишно, при што 87 отсто од производството отпаѓа на рудникот во Манулес.