Русија ќе ја поддржи Србија во зачувување на интегритетот

„Русија е подготвена да пружи целосна поддршка во зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, порача рускиот премиер, Дмитри Медведев обраќајќи им се на пратениците во српското Собрание, за време на неговата еднодневна посета на Србија. Тој рече дека му е драго што повторно се обраќа пред српското Собрание, каде се обратил пред десет години.
Повод за посетата на Белград е одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

Медведев нагласи дека Русија е против еднострано прекројување на мапата на Балканот и го повтори ставот на Русија за Косово, а тоа е резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244. Истакна дека ЕУ го отфрлиле механизмот за соработка со Русија и дека не е сигурен оти поради тоа на некому му е подобро. Додаде дека Русија не се чувствува како казнета и дека не тагува за времето кога се одржувале тие состаноци, но дека има последици.

„Бизнисот во Европа и во Русија изгуби милијарди евра, кои е невозможно да се вратат, порача Медведев и додаде дека проблемите во Европа се зголемуваат, споменувајќи ја мигранстаката криза и тероризмот. Вели дека настаните на Блискиот исток и во северна Африка покажале дека смената на несоодветните режими и наметнувањето на модел, предизвикуваат хаос на огромни територии.

Медведев ѝ се заблагодари на Србија, за тоа што, без оглед на притисоците и европските процеси, не вовела санкции на Русија. „Ние тоа го цениме“ , рече тој.