Три жртви во протестите во Чиле, власта се откажа од поскапувањето на превозот

Во протестите во Чиле има тројца мртви. Властите во Сантијаго, објавија дека жртвите загинале синоќа во пожар предизвикан во супермаркет. Двајца луѓе изгореа на лице место, а третиот починал во болница.

Владата се откажа од поскапувањето на цените на превозот, поради десетдневните насилни протести. Цените биле покачени од 800 на 830 пезоси, што е околу 4 американски центи.

Претседателот Себастијан Пињера објави дека владата ќе ги укине повисоките цени за картата за метро.