Научниците откриле единствен, така наречен „смртоносен тип“ на матични клетки односно „мајките на ракот“ кои претставуваат основа за развивање на оваа опака болест. Тие ги „раѓаат“ тумори и ги одржуваат во живот.
Лекот што би имал моќ да ги убие овие малигни клетки би можел да ја уништи и самата болест. Колку тоа би било значајно покажува и податокот дека, наспроти сите медицински достигнувања, ракот секој година одзема милиони животи.
„Мајките на ракот“ се виновни за тоа што канцерот преку своите метастази се шири по телото, што претставува најчеста причина за смрт на сите онколошки пациенти. За жал, тие се отпорни и на сите видови зрачење и хемотерапија, што претставува објаснување зошто туморите се враќаат дури и по успешните третмани.
Научниците долго се сомневаат во постоење на вакви посебни клетки, но дури сега се забележани и пратено е нивното однесување во човековиот организам. За ова откритие заслужни се експерите од Оксфорд универзитетот, кои проучувале мажи и жени заболени од еден вид леукемија.
Тие забележале дека еден мал процент од малигните ќелии се исклучително опасни и отпорни на сите третмани. Болеста всушност тргнала од тие „матични клетки на ракот“ и сите заболени клетки потекнуваат од нив.
Кога би се пронашол лек што би бил ефикасен против клетките на „мајките на ракот“ болеста би била елиминирана еднаш за секогаш. Досегашните терапии лекарите ги опишуваат како „обид да убиеш глуварче со дување во него, наместо да го откинеш од корен“.
„Откриевме еден посебен подвид на клетки кои им претходат на сите туморски клетки и заслужни се за размножување на канцерозни клетки во организмот. Во прашање е исклучително важен чекор што нам ни открива дека ако сакаме да ги излекуваме пациентите, мораме да најдеме начин да целиме пред се’ на тие клетки-мајки на секој малигнитет. Дополнително, тоа би требало да биде сосема доволно ракот на исчезне“, рекол докторот Петар Вол, еден од истражувачите.