Млад скопјанец починал во стан кај Лептокарија

Вчера во 05.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Никола Русински“ во скопската населба Лептокарија, сопственост на П.П.(73) од Скопје, имало починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за А.Г.(36) од Скопје.

Според пријавеното, на А.Г. му се слошило додека бил со М.(36) и М.Д.(35).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.