Научниците развиле уникатен материјал кој овозможува паметните телефони да реагираат на човечки дипир, вклучително и скокот, галење или штипкање, а станува збор за материјал направен од два силиконски слоја и може целосно да ја имитира човечката кожа, пренесува Sky News.
Вештачката кожа, како што велат дизајнерите на материјалот, е разработена на два слоја силокон, меѓу кои има посебен слој електроди. Се состои од ултратенки проводници, кои дејствуваат како многи чувствителни сензори. Така, доколку навлака од ваков материјал се стави на телефон, може да се пренесуваат емоциите до соговорникот од другиот крај на врската не со притискање на сензорите на екранот, туку со постапки послични за меѓучовечката комуникација. Системот ги препознава скокотот, галењето или лутото стискање како емотикони кои одговараат на таквите емоции.
„Запознавањето со материјалот обезбедува многу поприроден интерфејс за корисниците“, убедена е една од дизјанерите на проектот, професорката Ен Роудо од Универзитетот Бристол.
Инжерите го нарекоа својот уред Skin-On. Тој може да биде поврзан со различни мобилни уреди, како и на панелите со сензори на лаптопите и преносните гаџети.
„Кога разговараме со некого лице в лице, понекогаш го кориситем допирот да ги пренесеме емоциите и генерално го збогатуваме нашиот разговор. Сега, кога индиректната комуникација се остварува преку уреди, го изгубивме овој начин на комуникација“, додава друг научник вклучен во пшроектот, Марк Тесие.