
Шкотската национална партија (SNP) поднесе амандман на законот според кој Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија предложен од премиерот Борис Џонсон, со што би се блокирало гласањето за прифаќање на предлог-законот, информираше во понеделникот вечерта челникот на пратеничката група, Иан Блекфорд.
Во понеделникот вечерта претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џејкоб Риз-Мог, соопшти дека владата во вторникот иницира дискусија и гласање за договорот, како и дека се надева оти процесот за прифаќање на законот во парламентот ќе заврши до четврток.
Пратениците може да поднесуваат амандмани на текстот во документот за кој се дискутира, но парламентарниот спикер одлучува за тоа за кој од нив ќе се гласа. Се очекува одлуката за тоа дали ќе бидат поднесени измени на основиот текст на договорот за брегзитот и кои од нив ќе бидат ставени на гласање, да биде објавено во вторникот по 11,30 часот по локално време, односно 12,30 часот по македонско, кога ќе започне пленарната седница на Долниот дом. Сите амандмани ќе се разгледуваат пред да се гласа за основниот текст.
„Претставничкиот дом одбива да го разледа предлог-законот за брегзитот во второ читање, бидејќи 63 отсто од гласачите во Шкотска го поддржаа останувањето во ЕУ на референдумот во 2016 година и се согласни дека Велика Британија не треба да ја напушти Европската унија без одобрување од шкотскиот парламент“, гласи текстот на амандманот предложен од SNP.
Британската влада инсистира на тоа во вторник да се одржи второто читање на предлог-законот, а не на нов амандан, бидејќи законот технички беше внесен во саботата, а во оваа фаза документот нема да биде изменет.
Самиот документ пред парламентарците беше претставен во понеделникот вечерат. Прашањето на гласањето по второто читање пред пратениците ќе биде директно: дали се одобрува договорот или не? Од SNP најавија дека ќе гласаат протви предложениот договор.
„Нашите пратеници нема да гласаат за овој нацрт-закон кој ѝ штети на земјата кога ќе биде ставен на гласање. Шкотска гласаше за останување во ЕУ, и нашето мислење треба да се почитува. SNP поднесе амандман кој го исклучува второто читење на документот“, рече шкотскиот пратеник во врска со ткн Блекфордов амандман.
Доколку пратениците во вторникот го поддржат договорот за брегзитот, истиот ден владата ќе го донесе ткн „пррограмски документ“, во кој ќе биде наведено дека договорот со ЕУ е приоритетен прелог-закон и треба да биде одобрен во парламентот во ограничен временски период – до петок, така што документот ќе стане закон на 31-ви октомври, денот на кој Обединетото Кралство треба да излезе од ЕУ. Во петокот, 25-ти октомври, Долниот дом нема да заседава.
Претходно во понеделникот, претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоув, го блокираше повторното разгледување на договорот за брегзитот кој го предложи премиерот Борис Џонсон. Спикерот истакна дека парламентот веќе два дена го рагледувал договорот, за него се водела тричасовна дискусија и оти во овој момент нема причини да се верува дека мислењето на парламентот, кој не го поддржа законот во саботата, е променето. Покрај тоа, Беркоу рече дека е смета оти е неприфатливо владата да го „бомбардира“ парламентот со еден ист документ, поднесувајќи го одново и одново без измени.
Даунинг стрит стравува дека доколку Долниот дом не го поддржи договорот во второто читање, тогаш брегзитот ќе биде одложен за три месеца, односно до почетокот на февруари следната година, како и дека пратениците ќе почнат да заговараат одржување втор референдум ќе започнат со иницијативата за одржување втор референдум и барање начини за откажување од одлуката за напуштањето на ЕУ.