Славната актерка Фелисити Хафман (56) служи затворска казна во Даблин, еден од четирите затвори во Америка каде казна служат исклучиво жени. Славната „очајна домаќинка“ сега прв пат била фотографирана и снимена како шета низ дворот на затворот, а нејзиниот затворски број е 77806-112. Актерката била прилично непрепознатлива, во зелен комбинезон и со качкет на главата, а на фотографирани биле и нејзиниот сопруг и ќерката кои биле на посета.
Инаку, на Фелисити не и е толку лошо во овој затвор, со оглед на тоа што изгледа како луксузен хотел кој е наречен “Замок Даблин”. Таа во споменатата единица ќе служи казна од вкупно 14 дена, а покрај тоа ќе мора да плати и 30.000 долари.
Исто така, Фелисити добила една година надзор по излегувањето од затвор, плус 250 часа социјално-корисна работа. Потсетуваме, Фелисити била осудена на 13-ти септември оваа година, а ја осудила судијката Индира Талвани во Бостон.
Пред да ја објави пресудата, Талвани рекла дека Фелисити знае што направила погрешно: “Знаела дека тоа е измама. Тоа не импулсивен чин. Обидот да биде добра мајка тоа не го оправдува”. Актерката признала дека и е жал поради тоа што го направила, а потоа им се извинила на ќерката и сопругот.
„Длабоко се срамам поради тоа што го направив. Имав избор и можев да кажам не. Ја преземам целосната одговорност, ќе ја прифатам казната која ќе ми ја дадете”, и рекла Фелисити на судијката.
Адвокатот на актерката ја нарекол својата клиентка добра, љубезна и пристојна личност и во текот на изрекувањето на пресудата истакнал дека Фелисите знае дека постапила погрешно и дека се кае.
Потсетуваме, ѕвездата од серијата “Очајни домаќинки”, како и нејзината колешка, актерката Лори Лаулин, биле дел од групата на славни мајки обвинети за давање на мито, како и на организирање на измами на испитите, за нивните деца полесно да се запишат на најдобрите универзитети во САД.
Додека Лаулин не ја признава вината, мислејќи дека обвинителството блефира, Фелисити одлучила да соработува со властите и да признае дека дала 15.000 долари за да се подобрат “SAT” резултатите на нејзината ќерка.