Честитка од Џафери по повод Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери од свое лично име и од името на пратениците, денеска упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-Ви посакувам денешниот ден да го поминете во убава атмосфера, опкружени со вашите блиски. Овој државен празник кој споменува дел од историјата на Република Северна Македонија во нејзиниот вековен стремеж за ослободување и самостојност, нека не потсети на секојдневните битки кои ги водиме за градење на силна и успешна држава, држава која на сите ќе им понуди подобар живот и еднакви можности, пишува Џафери во честитката.