Новинарката Драгана Трипиќ (58) утрово е пронајдена мртва во свој дом во Белград, соопшти ТВ Пинк, каде беше долгогодишна соработничка.
Телото на новинарката која, според порталот Пинк.рс, се има обесено, го пронашла нејзината ќерка.
Според српските медиуми новинарката подолг период била депресивна.
Таа честопати гостуваше во различни забавни емисии.