
На аукција на куќата „Кристи“ шише од шкотското виски „Макалан“ од 1926 година е продадено за рекордни 1,9 милиона долари, со што стана најскапото шише што кога било е продадено на некоја аукција.
Ова е вторпат овој вид виски да постигнува рекордна цена, бидејќи минатата година, исто така, на аукција во „Кристи“, шише од ова виски беше продадено за 1,2 милиона долари, пренесе Си-Ен-Ен.
Вискито било произведено во 1926 година и чувано во буре, од каде потоа биле наполнети 40 шишиња, од кои само 14 добиле етикета на „фин и редок пијалок“.
Ова шише виски беше една од 460-те шишиња продадени од една приватна колекција, што целата беше продадена за околу 10 милиони долари.