Загина жител на село Двориште, уште еден е тешко повреден, по превртување на трактор

Вчера околу  17.20 часот на излез од с.Двориште, беровско, С.Г.(47) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, по што удрил во дрво.

Во незгодата, на местото починал З.Ч.(50) од с.Двориште, додека В.Г.(46) од с.Двориште се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Берово, соопшти МВР.