Мадона продава билети по рекордна цена

Мадона секогаш успева да им докаже на светот и публиката дека дека нејзиниот „рок на траење“ никогаш не одминува и дека секогаш ќе биде актуелна на музичката сцена.

Билетите за нејзината турнеја „Мадам Икс“ постигнуваат просечни цени и по 310 долари, иако на почетокот ѝ предвидуваа дебакл.

Досега најскапи влезници продале Бијонсе и Џеј Зи, со просечна цена од по 270 долари од билет. Распонот на цени за билетите на настапите на Мадона е помеѓу 50 и 750 долари. Ова е апсолутен рекорд во музичката индустрија.