
Метеоролозите најавуваат циклон кој ќе почне од среда и ќе носи пад на температурите а ќе дува и ветер од северен правец.
Облачноста ќе расте како што ќе одминуваат деновите а веќе од четврток ќе пристигнат и првите дождови ова есен. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 14-17 степени.
Провејување на снег е можно на повисоките места поради продорот на студениот северен ветер.
Ноември според метеоролозите ќе биде под влијание на влажна маса при што ќе има почести врнежи.
Значи стабилното и суво време ќе го имаме уште два дена. Ви предлагаме да уживате денеска и утре во сонцето а од средината на неделава полека да се подготвувате за јакни.