![lejkers sut](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/lejkers-sut.jpg?resize=655%2C340&ssl=1)
Екипата на Минесота ноќеска забележа триумф над Мајами со 116:109. За Тимбервулвс, ова е трета последователна победа на почетокот на сезоната.
Во нивниот состав, Ендру Вигинс постигна 25 поени.
Домашниот терен им донесе среќа и на Лос Анџелес лејкерс кои со убедливи 120:101 беа поуспешни од Шарлот хорнетс.
На третиот натпревар од НБА лигата ноќта меѓу недела и понеделник Портланд како гостин го победи Далас со 121:119.
Минесота, Сан Антонио и Деневер од Запдната конференција, односно Атланта и Филаделфија од Истокот се без пораз по почетните кола во најсилната светска кошаркарска лига.