
Британскиот премиер Борис Џосна го извстил во понеделникот со посмо претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека го прифаќа одложувањето на истапувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија, но побарал од Брисел јасно да стави до знаење дека нема да има натамошно одложување на раздружувањето по овој датум.
Земјите членки на ЕУ го одобрија одложувањето на брегзитот до 31-ви јануари 2020 година, нарекувајќи го флексибилно одложување (flexextension), бидејќи е додадена можноста за раздужување и порано, доколку во меѓувреме во британскиот парламент се ратификува договорот за истапувањето.
„Според договорот на Обединетото Кралство и ЕУ за раздружувањето, кој на оваа влада ѝ е наметнат против нејзината волја, немам дискреционо право да сторам што и да е освен да ја потврдам нашата формална согласност на ова одложување. Ова несакано продолжување на членството на Обединетото Кралство во Еропската унија е штетно за нашата демократија“, напишал Џонсон во писмото до Туск.
Британскиот премиер додава дека бара од земјите членки на Унијата јасно да истакнат дека по 31-ви јануари следната година повеќе нема да има нови продолжување на роковите за спроведување на брегзитот.
Туск претходно објави во Брисел дека одлуката за одложувањето на брегзитот ќе биде формализирана преку писмена процедура, што значи дека нема да има потреба да се свикува вонреден самит на 27-те челници поради ова прашање.
„Во писмото упатено до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, премиерот Борис Џонсон штотуку потврди дека Велика Британија се согласува на флексибилно одложување на брегзитот. Писмената процедура на блокот на 27те мина за да се формализира оваа одлука ќе биде набрзо покрената“, рече Пребен Аман, портпаролот на Туск.
Тоа значи дека одложувањето ќе биде формализирано до вторникот попладнето доколку ниедна членка на ЕУ во рок од 24 часа не го изрази своето спротиставување.
Британските претеници во понеделникот попладнето ја започнаа расправата за предлогот на Џонсон за предвремените парламентарни избори на 12-ти декември. За предлогот за нови избори да мине, на конзервативците им се потребни две третини во долниот дом на парламентот, односно 434 гласови. Џонсон повеќе нема мнозинство во парламентот, но две опозициски партии најавија подготвеност да ги поддржат предлогот за прдвремени парламентарни избори. Најголемата опозициска Лабуристичката партија, повторни дека нема да ги поддржи предлогот на Џонсон за предвремени избори, сѐ додека потполно не биде отстранета можноста за излегување од ЕУ без договор.
На прашањето дали изборите ќе ги искористи за да добие нов мандат за својот договор или ќе бара промени, Џонсон одговори дека станува збор за „одличен договор кој е добар за целото Обединето Кралство“. „Ќе водиме кампања на основа на овој договор“, рече Џонсон.
Обединетото Кралство првично требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти март годинава, а овој датум беше одложуван веќе двапати, на 12-ти април и на 31-ви октомври. Сега одредениот датум за брегзитот е 31-ви јануари 2020 година, со можност за спроведување и порано, првиот ден од следниот месец откако договорот за раздружувањето ќе биде прифатен во британскиот парламент. Тоа значи дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ на 30-ти ноември, 31-ви декември или 31-ви јануари.