Непалски алпинист постави рекорд, за седум месеци ги освои 14-те највисоки врвови

Непалскиот Алпинист Нирмал Пуржа ги покори сите 14 највисоки врвови на планетата повисоки од 8.000 метри за 189 денови, поставувајќи го новиот светски рекорд.

„Мисијата е исполнета! Во 8 часот и 58 минута (по локално време) Нирмал и неговата група се искачија на врвот Шишапангма “, ја цитира весникот The Kathmandu Post во вторникот објавата на алпинистот на социјалните мрежи.

Планината Шишапангма, висока 8.027 метри а се наоѓа на кинеските Хималаи, беше последниот врв од листата на Непалецот. Летото, поради монсуните Пуржа ги мина на планинскиот венец Каракорум, каде што се искачи на сите тамошни пет врвови повисоки од 8.000 метру, а есента ја мина на Хималаи.

Во текот на својот алпинистички поход, Пуржа спасил четворица планинари. Интересно е што со планинарење започнал да се занимава во 2012 година на 30-годишна возраст.

Искачувајќи ги сите 14 највисоки врвови за 189 дена, Нирмал Пуржа ги собори сите претходни рекорди. Во 2013 година јужнокорејскиот алпинист Ким Чан Хо успеа да ги освои сите врвови со височина од над осум илјади метри за седум години и десет месеци. Во 1987 година Полјакот Јиржи Кукучка прв го направи ова остварување по седум години и 11 месеци.

Нирмал Пуржа започна да ја остварува оваа идеја на 23-ти април годинава откако се искачи на Анапурна во Непал со надморска височина од 8.091 метри, потоа на 12-ти мај се искачи на Даулагири висок 8.167 метри, на 15-ти мај Кангченѕунга во Непал висок 8.848 метри, па на 22-мај следеше највисоката точка на светот Еверест со 8.485 од страната на Непал, а исто така на 22-ри мај следеше Лоце со 8.516 метри во Непал , па на 24-ти мај Макали со 8.485 метри во Непал. Следната тура искачувања беше во јули, и тоа беа освојувани врвовите во Пакистан, и тоа на 3-ти јули Нанга Парбат висок 8.126 метри, на 15-ти јули Гешербрум 1 со 8.080 метри, на 18-ти јули Гешербрум 2 со 8.035 метри, па на 24-ти јули врвот Ка2 висок 8.,611 метри, а на 26-ти јули Брод Пик (или К3) висок 8.051 метри. Следните два врва беа освоен кон крајот на септември, и тоа на 23-ти септември Чо Оју во Кина висок. 8.188 метри, а на 27-ми сепрември „падна“ врвот Манаслу во Непал висок 8.163 метри, и на 29-ти октомври низата беше завршена на Шишапангма, нарекуван и Госајнтан во Кина на височина од 8.013 метри.

Освојувањето на овие 14 планински врвови со надморски височина од над осум километри, се смета за особено постигнувањео во висинскиот алпинизам.