Сириската влада и опозицијата почнуваат директни преговор

Завојуваните страни во долгиот сириски граѓански конфликт, кој со голема надворешно влијание започна во март 2011 година, ќе седната на преговарачката маса заедно да работата на изработка на новиот устав на земјата.

Во средата попладне 150 претставници, по 50 од владата, опозицијата и граѓанските организаии, ќе ги започнат преговорите во Женева под покровителство на Обединетите нации.

Русија и Иран, сојузници на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и Турција, којашто поддржува една групација од вооружената опозиција, сметаат дека овој ткн Уставен кометит во текот на градењето доверба и приближување кон поширок политички процес кој би можел да го заврши судирот.

„Ги повикуваме страните да постигнеме договор“, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес-конференцијата во вторникот вечерта во женевското седиште на ОН по состанокот со своите колеги од Турција и Иран, и новиот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, вети дека споменатите три регионални сили нема да се мешаат во процеост, а неговиот турски колега по должност Мевлут Чавушоглу, рече дека е оптимист но свесен дека разговорите ќе бидат тешки.

Трите регионални сили нема да учествуваат во меѓусириските преговори.

Пратеникот на ОН, Педерсен предупреди дека оваа седмица „Уставотворната комисија не може и нема самата да го реши сирискиот конфликт“. Освен на преговорите, довербата мора да се гради и на теренот, а тоа особено вклучува наоѓање решени за илјадниците воени заробеници и грабнати лица, рече норвешкиот дипломат.