Возило излетало од патот во Тетово, четири лица повредени

Вчера (29 октомври) околу 20 часот и 30 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко моторно возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот охриѓанец Ф.З. излетало од коловоз.

Во несреќата повредени се четири сопатнички, Н.З.(34) и малолетничка од Охрид, С.А.(33) од Битола и Б.Б.(39) од Скопје, кои биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.