
Иако под контрола, во моментов во прилепско се активни два пожари, информираат од прилепската противпожарна единица.
Едниот пожар е на потегот на селата Здрзе – Маргари, гори нискостеблеста шума и зафатени се 20 ина хектари.
Вториот активен пожар е во непристапен терен на потегот на селата Дрен-Смолани и е на многу поголема површина од околу 50 хектари.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица нивните екипи и на прилепски „Комуналец“ и од јавното претпријатие „Црн Бор“ се на теренот.
„Горат нискостеблеста шума, сува трева, а кај Дрен-Смолани имаше зафатено и бор, но тоа е спречено да се шири. Пожарите се веќе трет ден. Иако се под контрола, сепак се активни. Поради непристапноста на теренот кај селата Дрен-Смолани побаравме и авионска интервенција за гасење“, рече Стојчески.