Премиерот Зоран Заев очекува неговата СДСМ да слави победа на предвремените парламетнарни избори закажани за 12-ти април догодина. Заев се надевам дека нема да дојде до промена на власта по пролетните избори и дека тој и понатаму ќе ја предводи Владата.
Па оттаму денеска на одговор на пратеничко прашање од Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ порача дека во април нема да има нова влада.
„Нова влада нема да има ни в април ни во мај ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас“, одговори Заев од собраниска говорница.
Но, сите истражувања на јавното мислење го говорат токму спротивното од очекувањата на Заев. Последните две јавно објавени анкети покажуваат значителна поддршка од граѓаните за главниот политички ривал на Заев, ВМРО ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.
Анкетата која што ја објави Еуроп електс му дава убедлива предност на ВМРО ДПМНЕ од шест процент во однос на СДСМ. Според оваа анкета, 42,6 отсто од граѓаните кои ќе излезат на гласање својата доверба би ја дале за ВМРО ДПМНЕ, а 36,6 отсто за владејачката СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ има предност и според анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје кон средината на септември за потребите на емисијата „Детектор“ на Сител телевизија. Според оваа анкета, на идните предвремени парламентарни избори 21,1 процент ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 18,1 отсто за СДСМ.
Истите резултати го покажуваат и анкетите кои партиите ги прават за внатрепартиска употреба. Извори кои имале можност да ги видат овие бројки велат дека доколку овие анкети се пресликаат и на изборите на 12-ти април ВМРО ДПМНЕ би освоила помеѓу 60 и 90 илјади гласови повеќе од партијата на Заев.
Според неофицијални пресметки, овие бројки значат дека ВМРО ДПМНЕ би освоила 55 пратеници, а СДСМ 45 пратенички места во новиот парламентарен состав по вонредните избори напролет.
Имајќи ги овие бројки предвид, останува нејасно што го темели оптимизмот Заев дека и по април ќе остане на власт.