За настапот на „Танец“ во Тетово, Центарот за култура немал време да информира

Жителите на Тетово останаа неинформирни дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Локалните медиуми и новинари не беа известени и затоа немаше најава за настанот.

Малкутемина посетители на социјалните мрежи споделија информација дека за настапот разбрале случајно кога виделе информативен постер залепен на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.

Од Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ кратко соопштија дека биле презафатени за да ги информираат новинарите.

Ансамблот „Танец“ гостувал по повод големиот јубилеј – 70 години од постоењето.

Оттаму информираа дека настапиле со целиот ансамбл составен од играорниот хор и вокално-инструменталниот состав.

МИА