Студентскиот дом Кузман ја пушти „локомотивата“ во погон!

Како што почнува грејната сезона, Скопје станува вистинска престолнина на загаден воздух.

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ лоциран во центарот на градот е еден од бројните примери кои секојдневно придонесуваат за аерозагадувањето. Оваа фотографија прикачена денеска на фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“  експлицитно го покажува тоа.

Ваква е сликата на студентскиот дом секоја зима, а честопати загрижени граѓани пријавуваат во противпожарната служба бидејќи мислат дека има пожар поради големиот чад.

Владата пролетта донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со оваа мерка требаше да се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно. Директорот потпиша имеморандум за соработка со АД БЕГ и беа најавени подготовки за промена на системот.