
Гостиварската полиција информира за трагичен настан кој се случил во Дебреше. Како стои во соопштението на полицијата, вчера во 21 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека малолетник во гостиварското село Дебреше паднал од балконот на првиот кат од куќата, кој немал ограда и се повредил, пренесува Гостиварпресс.
Детето од негови најблиски било пренесено во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.