Кинески ученици носат обрачи на главата за контрола на вниманието

Учениците во пониските одделенија во кинеската покраина Чеџијанг носата обрачи на главата со кои се контролира нивното внимание во текот на наставата, пишува весникот Beijing News.

Станува збор за неврокомјутерски интерфејс, кој ги мери биолелктроцитетите во мозокот. Чини околу 3.500 јуани, или околу 497 американски долари. Обрачот ја мери концентрацијата на учениците во текот на часот и она што го регистрира уредот во реално време може да се пренесе на компјутерот на наставникот. Покрај тоа, уредот може и да состави рејтинзи.

Обрачите ги мерат електричните сигнали на нервните мозочни клетки, но ме можат да ја следат активноста на милијардите мозочни клетли, така што уредот може да згреши, се додава во написот.

Според класичната теорија на конгитивната психологија, на различна возраст кај луѓето, различна е должината на концентрацијата на вниманието. Кај децата тоа време изнесува 10 до 15 минути, како помладите средношколци може да достигне 30 до 40 минута, а ка младите луѓе не надминува 50 минути. Поради тоа, училишните часови траат од 40 до 50 минути, но 20 до 25 отсто од ова време учениците се „во облаци“. Ваквата расеаност, во еден или друг степен е својствена за сите луѓе.