
Во Исланд, единствената западна земја без Мекдоналдс, се чува последниот хамбургер како музејски експонат, во стаклена витрина. 10-години стариот бургер на Мекдоналдс, последен што се сервирал пред ланецот да ги затвори своите продавници во Исланд, старее пред илјадници гледачи на интернет.
Навидум неуништливиот бургер со порција пржен помфрит е заштитен со стакло слично како да е изложен скапоцен камен.
Американскиот ланец ги затвори сендвичарниците во Исланд за време на финансиската криза во 2009 година, со што земјата стана единствена западна земја без Мекдоналдс.
Хјортур Смарасон купил плескавица на 31 октомври истата година, непосредно пред затворањето на ресторанот, за да го зачува. „Одлучив да го купам последниот бургер заради неговата историска вредност, бидејќи Мекдоналдс се затвораше“, рече Смарасон, менаџер за комуникации за компанија специјализирана за вселенски туризам.
„Слушнав дека Мекдоналдс бургерите никогаш не се распаѓаат и сакав да го проверам тоа“, изјави Смарасон.
Тој прво го чувал хамбургерот во гаражата, а потоа му го позајмил на исландскиот Национален музеј. Плескавицата потоа се преселила во хотел во главниот град Рејкјавик и сега е изложена во хотел во Тиквибаер во јужниот дел на Исланд.