Актуелната владејачка гарнитура предводена од СДСМ во пресрет на предвремените избори очигледно свесна за нискиот рејтинг кај гласачите, се обидува со низа популустички мерки, од кои предизборните вработувања, да ја поврати загубената доверба, вклучително и меѓу своите приврзаници
Во моментот активни се неколку огласи во државните институции, меѓу кои се министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерство за труд и социјална политика, вработувања во генералниот секретаријат при владата на Република Македонија, агенција администрација, вработување во државната комисија за спречување на корупција како и 21 вработувања во Град Скопје.
За една година јавната администрација се зголемила за повеќе од 3.346 вработувања со што во државните институции работата вкупно над 132 000 лица.