
Денеска Тетово е најзагаден град, а според последните мерења таму загадениот воздух изнесува 80 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, веднаш зад Тетово утринава најзагаден е скопско Ѓорче Петров со 63 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а потоа Кочани со 57 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.
Денеска загадени се и скопските населби Карпош и Центар, додека граѓаните утринава повторно разочарани се разбудија и во многу македонски градови каде смогот и чадот буквално ги гушат граѓаните.