Лејкерс славеа со пресрвт во Далас, Маверикс бесни на судиите

Леброн Џејмс постигна 39 коша со 16 асистенции и 12 скокови, а Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостувањето кај Далас со 119:110 во продолжението, со што стасаа до четвртата последователна победа и избија на врвот на табелата во Западната конференција.

Еден од најдобрите европски кошаркари во НБА лигата, младиот Словенец Лука Дончич со 31 кош, 15 асистенции и 13 скокови го оствари својот десетти „трипл-д абл“ во најсилната лига на светот, но по натпреварот беше огорчен на судењето. Словенецот по еден судар со Двајт Хаурд заврши со шиење на главата и двапати го минувал протоколот поради сомневање за потрес на мозокот.

Хаурд беше во центарот на случувањата про последниот кош во регуларниот тек од мечот, кој заврши со „тројка“ на Дени Грин за продолженија. Но пред Леброн Џејмс да ја испрати топката во аголот за Грин, Хаурд со двете раце го задржа Сет Кари и на своите соиграчи им отвори доволно простор и време за прием на топката, по што искусниот шутер го одведе дуелот во дополнителните пет минут, во кои Лејкерс ги надиграа Маверикс со 16:7.

Во победничкиот тим Ентони Дејвис уфрли 31 кош со осум скоковои, а Дени Грин постигна 14 поени. Кај Далас покрај Дончич, Крстас Проѕингис постигна 16, а Двајт ПАуел 14 коша.

Во Сакраменто домашните навивачи ги израува Харисон Барнс, кој на 2,9 секунди пред крајот влезе во рекотот зад грбот на Бојан Богданович и по скок во нападот ја смести токата во кошот по промашувањето на Немања Бјелица за 102:101. Ова беше крајниот резултат со кој Кингс славеа над Јута Џез и стасаа до прват апобеда сезонава.

Донован Мичел беше прв стрелец кај Џез со 24 кош, Руди Гоберт оствари 15 поени и 16 скокови. Кај Кингс, пак, беше ДеАарон Фокс со 25 коша.

Со Лејкерс на вровот на Западната конференција изрмамнети се Сан Антонио Спарс кои со 127:110 славе на гостувањето кај Голден Стејт и дојдоа до четвртата победа во првите пет натпревари. Спаси го скршија отпорот на домашните во второто полувреме. Пати Милс за победниците постигна 31 кош за само 22 минути на паркетот. Ламркус Олдриџ додаде 22 поени, а Руди Геј 16. Вориорс ги предводеше Д’Анџело Расел со 30 коша и осум асистенции.

Неочекувано неизвесен беше мечот во „ТД Гарден“, каде што фаворизираните Бостон Селтикс на крајот со 104:102 ги победија Њујорк Никс, благодарејќи на победничкиот кош на Џејсон Тетјум, на 1,3 секунди до крајот. На неговиот кош од дистанца му претходеше „тројката“ на неговиот поранешен соиграч Маркус Морис за израмнување на 102:102. Бостон со четвртата последователна победа им се приклучи на Мајами и Торонто со соодносот 4-1.

Кемба Вокер беше најдобар кај Селтикс со 33 коша, Тејтам додаде 24, а Гродно Хејвард 13 поени. Морис со 29 поени ги предводеше Никс, за кои ЕрЏеј Барет додаде 15, а Боби Портис 13 коша.

Голема победа остварија Бруклин Нетс кои со 123:116 ги победија Хјустон Рокитс, надоместувајќи заостанување од 15 поени од втората четвртина. Торин Принс со 27 коша и 12 скокови беше најдобар кај Нетс, Краси Леверт постигна 25, а Кајли Ирвинг имаше 22 коша и 10 асистенции. Џејмс Харден постигна 36 коша но од дури 31 пут, а Расел Вестнрук додаде 27 поени, но Рокитс од клупата имаа поддршка од само 19 поени.

Милвоки Бакс со убедливи 123:91 славеа на гостувањето кај Орландо Меџикс, а ги преводеше Јанис Антетокунмпо со 29 коша, 14 скокови и 6 асистенции. Бакс успеаја да ги контролираат Меџикс и постигнаа дури 36 поени од контранапади, а домашната екипа само два коша. Ерок Бледшо постигна 18, а Крис Мидлтон 16 коша за победници. Кај Орландо се истакна Ивен Фурние со 19 поен, а Никола Вучевиќ додаде 14 коша.