СДСМ во МЗШВ се пресметува со неистомислениците

Владејачката СДСМ ги шиканира вработените во Министерството за земјодели, шумарство и водостопанство (МЗВШ), а повеќе од 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење, изјави во саботата  за медиумите Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Трајан Димковски, по налог на Зоран Заев, шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сѐ професионалци вработени во Секторот Шумска полиција. Седумдесет администратори и шумски полицајци веќе една седмица одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење. За апсурдот да биде поголем, се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголемен обем на обврски. А сѐ што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение, рече Трипуновски.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот.

„Времето за притисоци заврши. Доаѓа време за одговорност… Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси, порача Трипуновски.

https://www.youtube.com/watch?v=lACdBEJEluE