Ракометарите на Вардар ја прекинаа низата порази во елитната Лигата на шампионите во неделата во својата сала „Јане Сандански“ ја остварија четвртата победа. Македонскиот и европски првак славеше над Мешков Брест со 36:31 во меч од шестото коло на Б групата.
Во првиот дел вардарци постојано го контролираа резултатот, а најголемата предност ја имаа во 24 минута кога водеа со четири гола разлика 17:13, но на одмор црвено-црните заминаа со само два гол предност (19:17).
На почетокот на второто полувреме Вардар направи серија од 3?0 за предност од пет гола (22:17). Оваа предност европскиот првак знаеше како да ја сочува па на крајот оствари триумф со конечни 36?31 .
Најефикасен во редовите на Вардар беше Кристопанс со 9 додека Чипиќ и Скубе постигнаа седум, односно шест голови. Мора да се истакне и одличниот настап на младиот македонски голман Марко Кизиќ кој во вториот период доби шанса од клупата која ја искористи со четири прекрасни одбрани.
Со новите освоени бодови и вкупно осум, Вардар се проби на второто место на табелата зад Кил кој по денешниот триумф над Мотор Запорожје (30:27) е водечки со 11 бодови
Во следното седмо коло Вардар повторни ќе игра во Скопје, против Кјелце, кој како и француски Монпелје се веднаш зад вардарци со по седум освоено бодови досега.