Најмалку 86 жртви во судирите во Етиопија на крајот од октомври

Најмалку 86 луѓе загинале во судирите кои се случија во Етиопија кон крајот на октомври, објави во неделата агенцијата Reuters.

„Меѓу жртвите 82 се мажи а четири се жеми. Повеќето од нив се од провинциите Оромија и Амгар. Меѓу жртвите има и хрстијани и муслимани. Мораме да ги запреме силите кои се обидуваат да нѐ вратат во минатото кога правиме чекор напред“, го цитира агенцијата етииопскиот премиер Абије Ахмед.

Претходно етиопската влада потврди дека во текот на судирите имало 78 загинати.

Во различни региони на Етиопија, но првенствено во провинцијата Оромија, немирите започнаа на 23-ти октомври, кога дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Во повеќето од местата овие судири имаа меѓуетнички и меѓурелигиски карактер. Властите соопштија дека по три дена успеале да ја стабилизираат ситуацијата.

Немирите избувнаат октако познатиот етиопски политички активист Џавар Мухамед објави дека неговиот престој во главниот град Адис Абеба е под закан и оти државните безбедносни служби се обидувале да организираат атентат врз него.

Џавар Мухамед со години беше политички сојузник на сегашниот премир Абије Ахмед. Тој бара проширување на политичките права на народот Оромо, чија популација изнесува 25 милиони и и е најглемата во сегашна Етиопија. Како што истакна минатиот петок портпаролот на премиерот Билен Сејум, бранот безредија бил „негативна реакција на редица елементи“ на плановите на Ахмед да ја трансформира владејачката коалиција од четири партии во единствена политичка сила.