
Во главниот град на Индија, Њу Делхи започна систем за рационализација на автомобили за борба против големата загаденост на воздухот. Автомобилите со непарни регистарски таблички ќе бидат дозволени само на патиштата во наизменични денови од 4 до 15 ноември, соопштија официјалните лица.
Системот беше воведен и во 2016 и 2017 година, но не е јасно дали тој всушност помага да се намали загадувањето. Нивоата на опасни честички во воздухот, познати како ПМ 2.5, се далеку повисоки од препорачаните. Влошениот квалитет на воздухот стави милиони луѓе во опасност од респираторни заболувања.
Единствено возилата за итни случаи и такси ќе бидат дозволени. Жените што возат сами, исто така, ќе бидат ослободени од правилото. Стотици тимови од полицијата, одделот за транспорт и цивилни волонтери се распоредени за спроведување на правилото.
Прекршителите ќе бидат казнети со 4.000 рупии (44 фунти; 56 долари), што е двојно повеќе од претходните години.