(ВИДЕО) Еден загинат, 14 повредени во напад во Кашмир

Едно лице загина, а најмалку 14 се повредени денеска во ракетен напад во Шринагар, главниот град на индискиот дел на Кашмир, соопштија индиските власти.

Девет лица се примени во болница, од кои едно е во критична состојба, по експлозија во центарот на градот.

Во Кашмир, регионот кој ги дели Индија и Пакистан, и натаму траат немирите откако Њу Делхи го суспендираше специјалниот статус во својот дел од територијата, на 5 август.

Индија го затвори Интернетот и уапси илјадници луѓе за да спречи немири, додека милитантните групи што се борат против индиското владеење ги напаѓаа работниците од другите делови на земјата.