Нов потрес со епицентар во полошко

Малку пред 21 часот во понеделникот почувстуван е потрес со магнитуда од 3,2 според Рихтер чијшто епицентар е регистриран во близина на Гостивар, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската мрежа на Опсерваторијата потресот го регистрирала точно во 20 часот и 56 минути, со Рихтерова магнитуда  3.2, а епицентарот се наоѓа 40 клометри западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Земјотрес со идентична магнитуда беше регистриран и во саботата напладне, а епицентарот беше утврден на седум километри од Тетово, исто така, во Полошкиот регион.