
Ракометарите на скопски Вардар во понеделникот вечерта во својата сала „Јане Сандански“ во комбиниран состав одиграа колку што беше доволно за победа Војводина со 26:23.
Ова е деветти триумф по ред во дуелите со српскиот претставник што е одлична серија на успеси на актуелниот европски шампион и бранител на титулата во СЕХА Лигата.
Првото полувреме мина во изедначена игра па по 30 минути беше нерешено, 11:11, но потоа Вардар реши со малку поангажирана игра да го реши прашањето на победникот, и на крајо славеше со три гола разлика.
Сташ Скубе беше најефикасен на мечот со 7 гола, пред Димитар Димитриовски со шест погодоци и Иван Чупиќ со пет.
Кај гостите Страхиња Станковиќ беше расположен за игра и прв стрелец на Војводина со 7 погодоци. За гостите од Нови Сад играше и Немања Прибак, поранешниот ракометар на Вардар, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
Вардар со победата вечерва има 15 бодови во А групата, исто колку што има и Мотор Запорожје, но скопјани се лидери со подобра гол-разлика.
https://www.youtube.com/watch?v=owCOEm7HRTM