ВМРО-ДПМНЕ: Ова е моментот кога откажуваат двата блока во РЕК Битола и нема енергија ниту за сопствено одржување

„Ова е моментот кога откажуваат двата  блока во РЕК Битола. Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт. Најголемиот енергетски капацитет во моментов  нема енергија ниту за сопствено одржување“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по испаѓањето на двата блока на РЕК Битола.

Според оваа партија, тоа се СДСМ и Зоран Заев! И секој изминат ден со нив значи дополнителна штета за државата.

„Криминогената и неспособна власт ги чини државата и граѓаните пари. Денеска надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола. Државата е принудена да увезува струја, наместо да ја произведува сама.

Во исто време надвор од употреба се ставени блоковите 1 и 3, додека блок 2 е во ремонт.

Само до рестартирање на блок 1, државата ќе треба да увезе 2.000 мегават часа струја, односно да плати над  100.000 евра на име увоз на струја. Штетите кои ќе ги претрпи државата до вклучување на блок 2 ќе бидат уште поголеми“, тврдат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ова е едно од редицата исклучувања на блоковите во РЕК  Битола. Па затоа,било нејасно дали блоковите испаѓаат од употреба поради неспособноста на власта или поради криминогеноста и желбата да се направи профит за некоја фирма увозник на струја.

„Зоран Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари за фирмите блиски до СДСМ. Криминалот и злоупотребата на РЕК Битола за лично богатење наскоро ќе заврши. СДСМ оди во опозиција и следува обнова на Македонија“, порачуваат од оваа партија.