Гостиварец се обидел да силува малолетник

Четириесет и седумгодишниот И.Е. од Долна Бањица, гостиварско повикал 14-годишен малолетник, со кого од претходно се знаеле, наводно за да му помогне околу сечење дрва при што по пристигнувањето во куќата ја заклучил вратата и се обидел со сила да го соблече и детето за да имаат сексуален однос на кое малолетникот му се спротиставил. По речиси два часа убедување и разубедување, осомничениот И.Е. ја отклучил вратата и детето заминало дома каде раскажало за случајот.

Осмоничениот е приведен, а судија во претходна постапка му определи притвор  во времетраење од  30  денови.