Иран ќе збогатува ураниум до ниво од 4,5 отсто во Фордоу

Иран во сабота ќе започне со збогатувањето на ураниум до нивото од 4,5 отсто во објектот „Фордоу“, соопшти во средата портпаролот„ на иранската агенција за нуклеарна енергија AEOI, Бехруз Камалванди.

Претходно иранскиот претседател Хасан Роухани изјави дека од 6-ти ноември Техеран по четврти пат ќе суспендира некои од своите обврски преземени со нуклеарниот договор потпишан со шесте светски сили во 2015 година а од кој во мај минатата 2018-та еднострано истапија САД и повторно на Иран му ги наметнаа жестоките санкции. Овојпат иранските власти ќе започнат асо користењето на центрифугите за збогатување на ураниумот во објектот Фордоу кои во моментов се исполнуваат со гас.

„До сабота, кога инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (IАEA) повторно ќе пристигнат (во нуклеарниот објект Форду), ние ќе ја достигнеме фазата во којашто ќе имаме збогатување (на ураниумот) на ново од 4,5 отсто“, изјави Камалванди за државната телевизина IRINN.

Портпаролот, исто така, потврдил дека се врши испорака на ресурсите неопходни за збогатувањето во објектот, каде што според нуклеарниот договор, Иран не смее да збогатува ураниум. Со снабдувањето со гас на центрифугите Техеран официјално престана со исполнување на оваа одредба од договорот.

Според нуклеарниот договор, Иран можеше да произведува нискозбогатен ураниум со ограничување од 300 килограми, и тешка вода со резерви до 130 тони. Техеран, затоа, би можел вишокот да го продава или да го складира.

Првичните потези на Иран не го нарушуваа договорот JCPOA. Меѓутоа, Техеран предупреди дека доколку другите потписнички на договорот, во прв ред европските, не ја заштитат иранската економија од новите американски санкции, ќе започне да произведува збогатен ураниум на повисоко ниво. Договорот ја ограничи чистината на иранскиот ураниум на 3,67 отсто, што е многу под 90 иотсто, колку што е потребно за производство на нуклеарно оружје. Тоа е исто така далеку под 20 отсто, колку имаше Иран пред постигнувањето на договорот од 2015-та. Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во сите досегашни извештаи по ненајаваените неселективни инспекции на иранските нуклеари постројки наведуваше дека Техеран се придржува до одредбите од споменатиот договор.

Капацитетите за збогатување ураниум беа централните и најтешките прашања во текот на реиси двегодишните преговори мешу Техеран и шесте светски сили. Иран, откако се согласи на отстапките за збогатување ураниум до 20 отсто, што се смета за преоден момент кон изработката на нуклеарно оружје, инсистираше на тоа дека мора да ги прошири своите капацитети за збогатување до 5 проценти за неговата планирана мрежа нуклеарни централи за производство електрична енергија.

Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаа официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба. Нивната цел беше Иран да прифати капацитети од десет илјади работни единици за сепарација (SWU), што претставува еквивалент на десет илјади центрифуги од постариот тип коишто веќе ги имаше. Иранските функционери велат дека им се потребни 190 илјади центрифуги, и оти за две до пет годни тоа е апсолутната потреба на оваа земја.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нем намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235. Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен.

Техерна првпат се откажа од ограничувањат од договорот точно една година откако САД се повлекоа од него, во мај годинава. Суспендирањето на повеќе одредби од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) за иранската нуклеарна програма во првата фаза се однесуваше на резервите од збогатен ураниум и тешка вода, кога беше надминат лимитот на резервите нискозбогатен ураниум од 300 килограми. На почетокот од јули Техеран ја започна втората фаза од суспендирањето на обврските од договорот, порачувајќи дека ќе збогатува ураниум до нивото кое ѝ е потребно на земјата, кога го доведе веќе нивото на збогатен ураниум до 4,5 отсто. На почетокот од септември Иран ја суспендираше и обврската за бројот на центрифугите и по еден месец  пушти во функција 30 нови центрифуги од типот IR-6 за збогатување ураниум и значително го зголемил производството на нискозбогатен ураниум, при што производството на нискозбогатен ураниум во текот на изминатите два месеца било зголемено за 10 пати.