Коалицијата на словенечкиот премиер загуби девет гласа од левичарите во парламентот

Лука Месец, лидер на словенечката партија Левица

Владата на словенечкиот премиер Марјан Шарец од средата нема обезбедено парламентатно мнозинство за изгласување на законот, откако поддршката ја повлече партијата Левица (L), поради меѓусебните несогласувања околу укинувањето на дополнителното здравствен осигурување.

„Ова е последното домино во низата кое падна, констатираме дека владата отстапи од договорот кој го имаше со нас, па договорот за нашата соработка со владата повеќе не го сметаме за обврзувачки. Отсега сме во вистинска опозиција“, изјави за новинарите претседателот на Левица, Лука Месец.

Неговата партија во парламентот има девет мандати, и од формирањето на лево-либералната влада на премиерот Марјан Шарец минатата година ги поддржуваше владините социјално насочени програми преку посебен договор, иако во владата немаше свои претставници.

Едно од отворените прашања во нивната соработка беше прашањето на што побрзо укинување на дополнителното здравствено осигурување, на што инсистиреше Левица, повикувајќи се на нивниот договор. Меѓутоа, владата го оцени како нереално нивниот предлог ова осигурување да се укине уште следната година, со што би се создал кусок од половина милијарда евра, и тоа да се надомести со зголемување на стапката на придонесите за социјалното осигурување.

На законскиот предлог за целосно укинувње на дополнителното здравствено осигурување кој го поднесе Левица, владејачкото мнозинство во средата вложи амандмани со што го блокираше, без можност да биде изгласан, а во меѓувреме најави сопствено решение според кое дополнителното осигурување во здравството би се заменило со „паушален надомест“ во речиси ист износ.

Месец со тоа решение не се согласува, а неговата партија уште порано најави повлекување на своите гласови за државниот буџет подоцна во ноември, што теоретски би можело да доведе до криза на коалициската влада којашто ја сочинуваат дури пет партии и која и покрај тоа за формално просто мнозинство ѝ недостигаат два гласа.

Иако популарноста на владата на Шарец и неговата лична од октомври поради некои афери е во благ пад, и остриот став на Левица го загрижува, некои аналитичари сметаат дека нивната соработка нема целосно да биде прекината. На тоа особено инсистираат Социјалните демократи (SD), кои ги води претседателот на парламентот Дејан Жидан. Тој веќе изјави дека Левица е важна социјална компонентна во владата и дека со нив треба да започнат нови разговори.

Меѓутоа, дури и доколку дојде до целосно прекинување на соработката, опстанокот и парламентарното мнозинство при изгласување на клучните закони, Шарец би можел да го обезбеди со два малцински пратника од италијанското и унгарското малцинство, па дури и со гласовите на националистите од Националната партија (NS), на Змаго Јелинчич кој му вети поддршка при гласањето на буџетот за следните две години.