Боинг инвестира милијарда долари во безбедност на патничките летови

Авиокомпанијата Боинг ќе инвестира милијарада долари во безбедност за да се намалат ризиците со дефекти на патничките летови како фаталните проблеми со моделот „737 Макс“, јавија некои американски медиуми.
Проектот се нарекува „Глобална авиjациска безбедност“, но деталите сеуште не се познати поради затегање на повторното активирање „737 Макс“. Се вели дека компанијата сега се фокусира на решавање на тој проблем и кога тоа ќе биде решено, веднаш започнува реализацијата на развојниот пилот проект.
Инвестициската програма, меѓу другото, предвидува подобрување на инфраструктура во воздушниот сообраќај, како системи за воздушно движење и имитација на летовите, и создавање на систем за размена на информации за конструкцијата на авионите со регуларите низ целиот свет. Исто такa, се разгледуваат прашања како дали се потребни дополнителни инвестиции во тренинг центрите и создавање на учебни материјали за пилотите.
Боинг засега нема дадено коментар за проектот.